Голем бод за единствениот дебитант во Лигата на шампионите (ВИДЕО)

Во новата сезона во Лигата на шампионите има само еден тим кој е дебитант, а овој состав пред десет дена беше гостин на турнирот на Пелистер во Битола.

Составот на Рихимаен Кокс тргна успешно во својата деби сезона во групната фаза од Лигата на шампионите и стигна до голем бод против составот на Адемар Леон после ремито од 19:19.

Најефикасен, а воедно и најдобар на теренот беше репрезентативецот на Финска, Нико Ронберг кој реализираше осумпати.

Имаше и многу атрактивни потези иако паднаа само 38 погодоци, а еден од нив е издвоен подолу во видеото кога Тему Таминен го лобуваше голманот на Адемар Леон.

Од групата Д беше одигран и дуелот меѓу Динамо Букурешт и Елверум, а таму домашните славеа со 26:24.

Другите средби од 1. коло во Лигата на шампионите ќе бидат одиграни за време на викендот.