Големо засилување за ЖРК Прилеп на стартот на Супер лигата

Искусната стружанка, Моника Ристовска е првото засилување во екипата на ЖРК Прилеп за оваа сезона. Ристовска во Прилеп пристигнува од ЖРК Ѓорче, екипа со која минатата сезона го освои 5-то место во Супер лигата.
Ристовска освен за ЖРК Ѓорче настапуваше и за РК Моби Дик, ЖРК Гевгелија, Куманово, МекДоналс (Австрија) и Струга. Во сезона 2009/10 беше на позајмица во РК Жито Прилеп за настапите во Челинџ купот.

ЖРК Прилеп првиот натпревар во Супер лигата го игра против ЖРК Куманово на домашен терен. Натпреварот е закажан на 29.09.2015 со почеток од 20ч.