Големо засилување за Радовиш – потпиша Златко Везенковски!

Тимот на Радовиш доби одлично засилување. Средниот бек Златко Везенковски, кој минатата сезона го носеше дресот на Охрид се сели во тимот на Љупче Мијалов.

Везенковски потекнува од Ресен, а настапуваше и за Тиквеш, Струмица и Пелистер во два наврати. Има искуство и во регионалната СЕХА лига и во европските купови.

Тој е трето засилување за радовишани по десниот бек Филип Николов и пивотменот Пеце Ѓорѓиески, а наскоро се очекува промоција и на уште неколку засилувања.

Претходно Радовиш ги продолжи договорите со шестмина ракометари – Паунов, Билиќ, Илиев, Ѓорѓиев, Долдуров и Органџиев.