ГОЛЕМИОТ БОРЕЦ ЌЕ СТИСНЕ ЗАБИ: Карачиќ ќе го одигра последниот натпревар за Вардар!

На денешната финална пресметка со унгарскиот великан Веспрем, за Вардар својот последен натпревар ќе го одигра хрватскиот репрезентативец Игор Карачиќ.

Тој три дена имаше температура, на вчерашниот натпревар се пожали на болка во ногата, а додека играл, имал и грчеви.

Сепак големиот борец се најде во ростерот за денешната пресметка и ќе се обиде да му помогне на тимот да дојде во втората титула во клупската историја.

Ниту еден од тимовите не направи измена во ростерот во споредба со вчерашните натпревари.