Големиот борец Абутовиќ: Публиката не носеше сите 60 минути против Барса (ВИДЕО)

Главниот дефанзивец во редовите на Вардар, Илија Абутовиќ беше презадоволен од она што беше направено на дерби дуелот од 5. коло во Лигата на шампионите на кој беше совладана Барселона со 27:24.
„Игравме пред фантастична публика која не носеше во текот на сите 60 минути и благодарам многу. Игравме добро во нападот и во одбраната, а бевме одлично подготвени. Го спроведовме на теренот она што го договаравме пред натпреварот. Против Барселона е секогаш тешко, можеби требаше да победиме со поголема разлика, но на крајот најважно е што ги освоивме бодовите“, изјави Илија Абутовиќ, а целата изјава можете да ја видите во видеото кое следува.