Голема чест за Ѓорѓески, Ончев и Поповски: Европскиот шампион се освежи со тројца ракометари од Вардар Јуниор

Тројца ракометари од екипата на Вардар јуниор во иднина ќе тренираат со сениорски тим. Ако не е ново присуството на голманот Даниел Ѓорѓески, кој минатата сезона имаше и настапи во СЕХА лигата исто како и крилото Мартин Поповски, ново име ќе биде бекот Тоше Ончев. Тие веќе ги започнаа подготовките со првиот тим, а до почетокот на новата сезона ќе следуваат подготовки во Словенија, турнир во Германија и Супер Глоуб турнирот во Доха.

На првиот собир кој се одржа утринава, тренерот Гонзалес имаше на располагање 20 ракометари, и тие деновиве ќе тренираат во Скопје каде ќе ги изршат и неопходните лекарски прегледи.