Голема чест за Миркуловски: Металург привремено го повлече дресот со број 13

Поради добро познатите причини Филип Миркуловски се реши да ги напушти редовите на Металург и да се пресели во екипата на Хановер. Но тимот од Автокоманда покажа дека знае да ги цени своите легенди, па дресот со број 13 кој го носеше Филип МИркуловски привремено ќе биде повлечен од употреба.

-Го повлекуваме дресот со број 13 затоа што тој број и тој дрес треба да се заслужат.
Се надеваме дека еден ден Миркуловски повторно ќе го облече овој дрес и повторно ќе ги брани боите на Металург.-стои во изјавата на официјалната страна на РК Металург.