Голема чест за Вардар: Хрватските ракометни величини на трибините во „Јане Сандански“(ФОТО)

На првиот дуел од Лигата на шампионите, европскиот првак Вардар го гледаа две ракометни легенди. Најдобриот ракометар во историјата Ивано Балиќ и еден од своевремено најквалитетните десни бекови, Петар Метличиќ беа дел од ВИП ложата.

Како никогаш до сега, навивачите на Вардар во редица трпеливо чекаа да дојде нивниот ред за фотографија со хрватските ракометни величини и краток разговор.

Ивано Балиќ и Петар Метличиќ имаа своја ракометна школа која се натпреварува во младинските категории во Хрватска. Пред неполн месец тие со своите кадети учествуваа на турнир во Сараево каде завршија на шестото место зад Металург. Во Македонија собираат искуство за натамошниот развој и работа на Академијата Балиќ-Метличиќ.