Голема битка во која еден шут ја остави Македонија без пенал-рулет

Машката репрезентација на Македонија одработе добра средба во последното коло од групната фаза на Европското првенство во ракомет на плажа и само еден удар ја делеше од сет во дуелот со Швајцарија и мајсторка. Сепак, не се дојде до тоа, па со 0:2 беше загубен и овој меч со што и мажите останаа без бодови.

Швајцарија го доби првиот сет со 22:13, а потоа во вториот резултатот беше 18:18. При ваков резултат се игра на златен гол за одлука во сетот. При потфрлањето Македонија не успеа да дојде до топката, па Швајцарија го искористи првиот шут за 19:18 и 2:0.

Уште еднаш Кузмановски беше играчот кој покажа најмногу. Беше убедливо пред колегите со 17 поени, додека зад него остана Ивановски со шест, Трајковски со четири и Крстаноски и Маџовски со по два поени.

Со ова Македонија заврши во битка за пласман од 13. до 20. место, а противници ќе бидат селекциите на Романија, Португалија и Шведска.

ЕП ВО РАКОМЕТ НА ПЕСОК (МАЖИ)

ГРУПА А

4.КОЛО

ГЕРМАНИЈА – РОМАНИЈА          2:0 (20:18, 28:12)

ТУРЦИЈА – ШПАНИЈА   0:2 (16:23, 20:29)

5.КОЛО

ТУРЦИЈА – ГЕРМАНИЈА               0:2 (14:22, 16:20)

ШПАНИЈА – НОРВЕШКА              1:2 (22:26, 28:22, 8:10)

ТАБЕЛА: 1. Германија 8 бода (184:144); 2. Норвешка 6 (192:187); 3. Шпанија 4 (207:183); 4. Турција 2 (158:175); 5. Романија 0 (129:181).

ГРУПА Б

4.КОЛО

СРБИЈА – ПОРТУГАЛИЈА             2:0 (20:15, 18:17)

СЛОВЕНИЈА – РУСИЈА  0:2 (16:24, 14:24)

5.КОЛО

СЛОВЕНИЈА – СРБИЈА  1:2 (16:20, 19:18, 6:7)

РУСИЈА – ДАНСКА          2:0 (22:16, 21:17)

ТАБЕЛА: 1. Русија 6 (191:142); 2. Данска 6 (189:149); 3. Србија 6 (163:176); 4. Португалија 2 (157:167); 5. Словенија 0 (135:201).

ГРУПА Ц

4.КОЛО

ШВАЈЦАРИЈА – ИТАЛИЈА           2:1 (17:19, 22:14, 7:4)

МАКЕДОНИЈА – ХРВАТСКА        0:2 (17:32, 17:28)

5.КОЛО

МАКЕДОНИЈА – ШВАЈЦАРИЈА 0:2 (13:22, 18:19)

ХРВАТСКА – УКРАИНА 2:0 (19:14, 22:13)

ТАБЕЛА: 1. Хрватска 8 бода (199:120); 2. Швајцарија 6 (164:151); 3. Украина 4 (150:140); 4. Италија 2 (142:181); 5. Македонија 0 (119:182)

ГРУПА Д

4.КОЛО

ПОЛСКА – ФРАНЦИЈА  2:1 (20:13, 16:18, 18:16)

ЦРНА ГОРА – УНГАРИЈА              0:2 (7:26, 12:22)

5.КОЛО

ЦРНА ГОРА – ПОЛСКА  0:2 (12:21, 8:26)

УНГАРИЈА – ШВЕДСКА 2:0 (23:22, 32:24)

ТАБЕЛА: 1. Унгарија 8 (197:161); 2. Полска 6 (191:151); 3. Франција 4 (174:152); 4. Шведска 2 (182:153); 5. Црна Гора 0 (69:196).

Фото: Урош Хочевар