Годините ништо не значат: Македонец во Топ 3 највозрасни голмани во светот

Голманот кој долго беше партнер на Давид Баруфет во репрезентацијата на Шпанија, Хозе Хомбрадос пред неколку дена објави дека и покрај тоа што има 47 години продолжува со настапите на врвно ниво. Сепак, пред него се наоѓаат двајца други голмани од кои еден е од Македонија.

За да може Хомбрадос да стигне до рекордот кој е забележан, меѓу голманите, во моментов ќе мора да брани барем уште 5-6 сезони за да може да го помине Павел Сукосјан од Русија. Иако некои неофицијални бројки велат дека имало и повозрасни голмани кои биле на терен, сепак, официјалните бројки велат дека Русинот кој сега има 57 години бил активен до пред пет години со што со 52 години го има поставено актуелниот рекорд.

Иако не е запишан на листата, сепак, тука има место и за Тони Димоски од Македонија. Голманот кој минатата година во финишот од сезоната бранеше за Прилеп и беше клучот за опстанокот на прилепчани со 50 години е највозрасниот ракометар кој забележал настап во Супер машката лига на Македонија.

Меѓу ракометарите на листата покрај Хомбрадос има и други кои уште се активни како Андреасен, Фазекаш и Шариќ. Оттаму оваа листа ќе трпи промени.

Кои се другите голмани со над 42 години кои играле на врвно ниво можете да видите во продолжение.

НАЈВОЗРАСНИ ГОЛМАНИ

52 – Павел Сукосјан (Русија)

50 – Тони Димоски (Македонија)

47 – Хозе Хомбрадос (Шпанија)*

45 – Штефан Хекнер (Германија)

45 – Сорен Хаген Андресен (Данска) *

44 – Јанос Шатмари (Унгарија)

43 – Андреј Лавров (Русија)

43 – Јан Штохл (Чешка)

42 – Александру Булиган (Романија)

42 – Нандор Фазекаш (Унгарија) *

42 – Тиери Омејер (Франција)

42 – Данијел Шариќ (Србија/Катар) *

* Со ѕвездичка се голманите кои се активни.