Година на сите кои ракометот им значи повеќе од игра… (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Оваа ракометна годината ја посветуваме на сите оние на кои ракометот им значи повеќе од игра. На сите оние кои беа покрај своите репрезентации, клубови и идоли во најсреќните и најтажните моменти. На сите оние кои знаат што значат репрезентациите на Франција и Норвешка во машкиот и женски ракомет. Сите кои затреперуваат пред имињата на Кил, Веспрем, Барселона, Загреб, Монпелје, Металопластика, Суидад Реал, Бидасоа…

Сите оние кои се радуваа на првиот освоен трофеј во елитното натпреварување за Кире Лазаров, сите оние кои тагуваа по поразот на Вардар од Киелце во „Јане Сандански“, сите оние кои навиваа Металург повторно да се крене меѓу најдобрите. На ракометната публика без која ракометот ќе биде само една обична игра. За сите вас кои ја создавате другата димензија на овој спорт, за сите вистински вљубеници, за сите надежни спортисти и за сите кои покажавте како се сака ракометот.

Оваа галерија е за вас…

[Best_Wordpress_Gallery id=”181″ gal_title=”Navivaci, publika 2015″]

ФОТО: ФИЛИП ВИРАНОВСКИ