Глигоров на чекор од титулата во Либан

Македонскиот тренер Владимир Глигоров дојде на чекор за освојување на шампионската титула во Либан. Откако го превзеде кормилото на Ал Садака, Глигоров уште во првиот меч извојува победа.

Победата беше потешко извојувана од очекуваното, но со резултатот 32:29 (14:13), Глигоров и неговиот тим обезбедија место во финалето. Со преку 25 промешни удари кон голот, Ал Садака се најде во незгодна ситуација. Но, со сконцентрирана игра до самиот крај, Глигоров и неговите играчи дојдоа до посакуваната победа.

Финалето ќе се игра во два добиени натпревари во понеделник и средата, а доколку дојде до изедначен резултат ќе се одигра и трет меч во саботата со кој ќе биде познат шампионот во Либија.