Гледајте ја ВО ЖИВО ждрепката за групната фаза од Лигата на шампионите (ЛИНК)

Денеска во Виена со почеток во 18:00 часот, двете македонски екипи што ќе бидат дел од Лигата на шампионите ќе ги добијат своите ривали. Европскиот шампион Вардар и вицепрвакот на Македонија, Еурофарм Работник, веќе знаат по еден ривал, а останатите шест, односно четири ќе ги дознаат за кратко.

Вардар ќе биде дел од посилните групи А и Б, додека Еурофарм е сместен во Ц и Д делот од Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ се рангирани во првиот шешир заедно со ПСЖ и поради правилото две екипи од една земја да не играат во првата фаза, јасно е дека вардарци ќе се соочат со Монпелје. „Фармацевтите“ пак се рангирани во четвриот шешир заедно со Кристијанштад, а тоа значи дека ќе играат со втората екипа од оваа земја, Савехоф.

РАНГИРАЊЕ ПРЕД ЖДРЕПКА (ГРУПИ А И Б)

ШЕШИР 1: Вардар (Македонија), ПСЖ (Франција)
ШЕШИР 2: Барселона (Шпанија), Веспрем (Унгарија)
ШЕШИР 3: Фленсбург (Германија), Келце (Полска)
ШЕШИР 4: Мешков Брест (Белорусија), Алборг (Данска)
ШЕШИР 5: ПИК Сегед (Унгарија), Мотор Запорожје (Украина)
ШЕШИР 6: Загреб (Хрватска), Монпелје (Франција)
ШЕШИР 7: Елверум (Норвешка), Порто (Португалија)
ШЕШИР 8: Кил (Германија), Целје (Словенија)

РАНГИРАЊЕ ПРЕД ЖДРЕПКА (ГРУПИ Ц И Д)

ШЕШИР 1: Динамо Букурешт (Романија), Савехоф (Шведска)
ШЕШИР 2: Чеховски Медведи (Русија), Татран Прешов (Словачка)
ШЕШИР 3: Рихимаен Кокс (Финска), Кадетен Шафхаузен (Швајцарија)
ШЕШИР 4: Еурофарм Работник (Македонија), Кристијанштад (Шведска)
ШЕШИР 5: Бидасоа Ирун (Шпанија), Висла Плоцк (Полска)
ШЕШИР 6: Гог (Данска), Спортинг (Португалија)