Гледајте го првиот Суперкуп на Македонија за 50 денари

Вардар е домаќин на првиот Суперкуп на Македонија во ракомет што утре се игра во салата во СЦ „Јане Сандански” и пуштени се во продажба билетите за истиот натпревар. Натпреварот што е коорганизација на Вардар и на Ракометната федерација на Македонија е закажан за 17 часот. Противник на шампионот ќе биде екипата на Еурофарм Работник од Битола, која беше финалист на Купот на Македонија.

Цената на билетите е 50 денари и може да се купат на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” секој работен ден од 10 до 18 часот. Сите што поседуваат сезонски билети за натпреварите на Вардар, или пак Вардар ПАСС можат со покажување на ваучерите да го проследат натпреварот.

Супер куп натпреварот за првпат ќе се игра и во Македонија, на двата тима што ги освоија трофеите, во првенството и Купот. Но, бидејќи Вардар е освојувач на двојната круна, во првенството и Купот, ривал на „црвено-црните“ ќе биде финалистот од Купот. Во финалето на Купот на Македонија во мај годинава во Битола, Вардар славеше со 31:26.