Гледајте го македонското „Ел Класико“ за 100 денари!

Регионалната СЕХА Лига ќе стартува утре со три натпревари, кои практично се дуели меѓу екипите од исти држави, освен средбата меѓу Татран Прешов и Мешков Брест. Натпреварот меѓу Металург и Вардар ќе се одигра в сабота, поради настапот на вардарци на Супер Глоуб.

Македонското „Ел Класико“ се игра во СЦ „Борис Трајковски“, а веќе од утре во 12 часот во продажба ќе се пуштат влезниците за овој натпревар. Тие се по цена од 150 денари за М блоковите и по 100 денари за сите други блокови, а ќе се продаваат онлајн, на следните линкови: www.karti.com.mk и  www.mktickets.mk

На денот на натпреварот, влезници ќе можат да се купат и во билетарницата на СЦ „Борис Трајковски“. Мечот ќе се игра со почеток во 17:45 часот.