Гледајте го ВО ЖИВО финалето на Мундијалот меѓу Франција и Хрватска (ЛИНК)

Денеска се игра натпреварот меѓу Франција и Хрватска за златен медал на Светското првенство за младинци во Шпанија.

Французите во полуфиналето го елиминираа изненадувањето на првенството – Египет, додека момците на Давор Доминиковиќ беа подобри од Португалија.

Финалето започнува во 16:30 часот, преносот е на Спорт Клуб 3, а може да го следите на овој ЛИНК.