Гледајте го во живо натпреварот Пик Сегед – Вардар (ЛИНК)

Двобојот кој ќе го даде последниот патник за Ф4 турнирот во Келн се игра денеска од 19 часот во Сегедин, а Вардар брани предност од осум погодоци од првиот натпревар. „Црвено-црните“ влегуваат во овој меч со позитива од 31:23 и тоа е резултат кој им дава убава предност.

Унгарците во текот на минатите десет дена постојано најавуваа дека се подготвени да ги надминат овие осум гола, но и вардарци знаат како треба за да дојдат до позитивен епилог на крајот од мечот.

Денешната средба ќе биде емитувана во пренос на Арена Спорт 5, а доколку го немате овој канал на вашите оператори тогаш ќе можете да го следите на еден од двата линка во продолжение (доколку не ви се појави веднаш слика од Арена Спорт 5 почекајте за да завршат рекламите).

ЛИНК 1

ЛИНК 2