Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот меѓу Македонија и Азербејџан (ЛИНК)

После победата над Белорусија од 30:29 забележана во понеделникот ракометарките кои се дел од репрезентацијата до 17 години денеска ќе имаат уште еден натпревар на кој ќе се обидат да стигнат до позитивен резултат.

Азербејџан е противник со кој Македонија би требала да се избори за бодови бидејќи влага како фаворит.

Симовски и Пановски имаат ракометарки кои се подготвени за битка за нови бодови и денеска се очекува да биде отворен патот кон полуфиналето, а веќе утре ќе се чека пласман меѓу најдобрите четири.

Натпреварот започнува од 18:00 часот, а можете да го следите на овој ЛИНК.