Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот меѓу Пелистер и Еурофарм Работник (ЛИНК)

Во 8. коло од плеј-офот во Супер машката лига распоредот носи три градски дуели на кои има фаворити.

На скопските дуели домашните екипи влегуваат со предност. И Вардар и Металург очекуваат потврда на улогата на фаворити против Бутел и Пролет.

Затоа, пак, во Битола ќе има ново надигрување меѓу Пелистер и Еурофарм Работник, а „фармацевтите“ влегуваат во мечот со предност со оглед на тоа што се во далеку подобар ритам, но и многу подобра форма од својот ривал.

Натпреварот почнува од 18:30 во спортската сала „Боро Чурлевски“, а можете да го гледате на линкот подолу…