Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот меѓу Пелистер и Металург (ВИДЕО)

Денеска во Битола ќе има возбудувања на натпреварот меѓу Пелистер и Металург. Овие две екипи одиграа неизвесен натпревар во Скопје кога се бореа 60 минути за бодовите, а домаќинот тогаш победи.

Сега на битолчани е редот да се обидат да дојдат до позитивен епилог, а сигурно нема да им биде лесно. Металург игра променливо, но тоа нема да значи ништо денеска бидејќи се работи за дуел со доста мотиви.

Натпреварот почнува во 18:30, а можете да го следите на линкот подолу…