Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот меѓу Македонија и Србија (ЛИНК)

По поразот од Германија со 24-31 на првиот натпревар од групната фаза на турнирот „Ракометот е моја иднина“ во босанскиот град Бугојно, кадетската репрезентација на Македонија денеска ја очекува вториот натпревар.

Противник е репрезентацијата на Србија, а натпреварот започнува од 19:00 часот, а можете да го следите на линкот подолу.

Последниот натпревар од групата, нашите кадети ќе го играат во текот на утрешниот ден, а ривал ќе биде селекцијата на Швајцарија.