Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот меѓу Македонија и Србија (ЛИНК)

Пионерската репрезентација на Македонија вечерва во унгарскиот град Ѓер, го започнува настапот на пријателскиот турнир. Националниот тим ќе биде предводен од Андријана Будимир и Дарко Петровски, а тие двајца ќе сметаат на 18 ракометари.

Првиот натпревар против Србија се игра вечерва со почеток во 18:00 часот, додека по ден пауза, на 13 април нашите момци ќе се сретнат со домаќинот Унгарија со почеток од 11:00 часот. Оваа генерација на ракометари, ќе има можност на домашен терен следната година да брка пласман во А дивизијата, бидејќи во Скопје ќе се игра ЕХФ шампионатот за кадети.

Натпреварот меѓу Македонија и Србија можете да го следите на линкот подолу…