Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот меѓу Бутел и Еурофарм Работник (ЛИНК)

Денеска во плеј-офот од Супер машката лига следува двобој меѓу екипи од Скопје и Битола и тоа ќе биде двојна програма во главниот град.

Прво ќе гостува моменталниот лидер на табелата во Супер машката лига, Еурофарм Работник кој ќе се соочи со Бутел Скопје, а потоа и Пелистер ќе му гостува на Пролет.

Еурофарм Работник ќе ги одмери силите со Бутел, а ова се очекува да биде интересен дуел бидејќи тимот од Скопје уште е без бодови и ќе сака да даде максимум во битката со битолчани.

Овој натпревар може да го следите на линкот подолу…