Гледајте го во живо натпреварот Вардар – Еурофарм Работник (ЛИНК)

Натпреварот кој ќе го даде вториот финалист во Купот на Македонија во машка конкуренција меѓу Вардар и Еурофарм Работник се игра денеска од 20 часот.

Вардар кој ја брани титулата има силен противник во тимот од Битола и денеска нема да има можност за тактизирање на ниту една од двете страни. И Вардар и Еурофарм Работник ќе мора да ги отворат картите и да покажат кој колку може и кој колку е подготвен за настап на домашна сцена.

Средбата почнува од 20 часот, а можете да ја следите на линкот во продолжение.