Гледајте го во живо натпреварот Вардар – Пик Сегед (ЛИНК)

Ракометарите на Вардар денеска го играат последниот меч сезонава на домашен терен во Лигата на шампионите, а противник е составот на Пик Сегед. На овој дуел се брка подобар резултат со оглед на тоа што на 5 мај се игра реванш натпревар во Унгарија.

„Црвено-црните“ тргнуваат во обид за третто учество во серија на Ф4 турнирите во Лигата на шампионите, а шансата за тоа е голема. Сепак, мора да се одработи добро за да се успее во намерата, па затоа ова ќе биде максимално важен натпревар денеска. Вардар не е комплетен поради проблемите со повредите на дел од ракометарите, но сите кои ќе бидат на терен ќе дадат максимум за да дојдат до предност пред реваншот.

Со оглед на тоа што овој натпревар не оди во директен пренос на ниту една од македонските национални телевизии дуелот ќе може да биде следен на Арена ТВ и тоа на вториот канал. Оние кои го немаат овој канал на своите оператори ќе можат да го гледаат натпреварот на еден од следните линкови.

ЛИНК 1

ЛИНК 2