Гледајте го во живо натпреварот Вардар – Кил (ЛИНК)

Екипите на Вардар и на Кил повторно се среќаваат во натпревар на меѓународна сцена, но овој пат тоа ќе биде надвор од Европа. Денеска играат во првото полуфинале на Супер Глоуб во Дамам во Саудиска Арабија од 16:20 часот каде што ќе претстои одличен ракомет и голема битка за влез во финалето.

Вардар како актуелен првак на Европа и Кил, еден од тимовите кои се изборија за место во валјд-карта имаа сигурни настап во рамки на четврт-финалето, па денеска им претстои меѓусебен двобој на кој нема да има простор за многу тактизирање и ќе мораат на максимум за да дојдат до место во финалето.

Оттаму овој полуфинален дуел ќе биде далеку поинтересен и сигурно ќе има што да се види на теренот. И оваа средба ќе оди во пренос на ТВ Телма, но доколку не сте во можност да го следите овој канал тогаш можете на линковите во продолжение.

ЛИНК 1

ЛИНК 2