Гледајте ги европскиот првак и Кире Лазаров за само 150 денари

Вардар денеска го игра првиот натпревар од Лигата на шампионите, и тоа на гости кај Висла Плоцк, додека првиот натпревар пред домашна публика во групната фаза од Лигата на шампионите, европскиот шампион ќе го игра на 23 септември против француски Нант на Кире Лазаров.

Од утре почнува продажбата на поединечни билети за овој натпревар. Продажбата ќе се врши преку продажната мрежа на Тикет Плус, како и онлајн на www.ticketplus.mk. Натпреварот со Нант е закажан за 23 септември во 17:30 часот во СЦ „Јане Сандански”.

Цената на билетите за овој натпревар е:

Трибина – 350 денари
Стоење – 150 денари

Имателите на Вардар ПАСС и сезонска картичка на Вардар можат да присустуваат на овој натпревар само со приложување на електронскиот ваучер на влезот од СЦ „Јане Сандански”.