Главоболки за Онеста: Абало нема да настапи на СП Катар?!

Први посериози главоболки и за селекторот на француската репрезентација, Клод Онеста. Едно од најдобрите светски крила, Лук Абало заработи повреда на препоните а дијагнозата вели дека французинот не смее да тренира до почетокот на СП. Клод Онеста е принуден да бара алтернативи на десната крилна позиција и најверојатно местото на Абало ќе биде пополнето со ракометарот на германски Вецлар, Гијом Жоли.