Ги преслушавме српските, еве го и хрватскиот коментатор: Последните пет минути на Вардар до трофејот (ВИДЕО)

Еуфоријата која се создаде после освојувањето на титулата во Келн полека се стишува, но реакциите околу титулата на Вардар и понатаму се големи.

Откако веќе неколку дена се зборува насекаде за коментаторите од Србија, ред е да се слушне како се следеше средбата и во Хрватска. Коментаророт Романо Јанечиќ исто така имаше интересен коментар, а во продолжение можете да ги погледнете последните пет минути со негов коментар.

Секако ова е добра можност, ако подзаборавивте да се потсетите како Вардар го надигра тимот на Веспрем во финалето во неделата во Келн.