Ги нема искусните: Македонија некомплетна ја почна мисијата пред Турција и Грција (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Машката сениорска репрезентација на Македонија од денеска стартува со подготовките за квалификациските дуели за Европското првенство во 2020 година кое се одржува во Шведска, Норвешка и Австрија.

Данило Брестовац денеска прозиваше и од вечерва стартуваат тренинзите кои ќе се одвиваат во „Борис Трајковски“ каде што ќе се фаќа залет за првиот меч против Турција кој се игра в среда.

На почеток недостигаат неколку ракометари, но селекцијата ќе се комплетира до понеделник бидејќи неколку играчи доцнат поради клупски обврски. Инаку, натпреварите се играат в среда во Турција и в недела во Струмица. И двата дуела почнуваат од 18 часот.