Ги водеше мажите, сега ќе ги води жените на Пелистер

Томе Петрески во новата сезона ќе има поинаков предизвик од тие досега. Тој ќе биде нов предводник на женскиот тим Пелистер и на клупата ќе ја замени Викторија Мурговска.

Следната сезона Пелистер ќе биде без една од најдобрите ракометарки Ангела Јанкуловска, но најавени се неколку нови засилувања, па Петрески би требало на располагање да има солиден тим и повторно да се бори за врвот.

Петрески претходно работеше во тимот на Прилеп и машкиот тим на Пелистер, а интернационалното искуство го собираше во Франција, Мароко, Кувајт и на Косово.