Гигов бранеше, Костески погодуваше – Селка пак победи

Тимот на Селка Ескисехир забележа втора победа во вториот натпревар што го одигра во турскиот шампионат. По триумфот над Мерзифон во првиот дуел во најквалитетната конкуренција, Селка, каде играат двајцата македонски интернационалци Виктор Гигов и Никола Костески беше подобра на гостински терен од екипата на МИК со 21:31.

Гигов беше предводник на тимот и забележа вкупно 15 интервенции, додека Костески стандардно беше меѓу најдобрите стрелци и погоди 5 пати. Во следното коло Селка ќе игра на домашен терен против незгодниот тим на Бурса Нилуфер.