Германците со селфи го прославија влезот во полуфинале (ФОТО)

Едно од најголемите изненадувања на ова првенство е репрезентацијата на Германија. Одличните игри со кои се претстави германскиот состав ги изненадија сите репрезентации против кои настапија, а особено поради фактот дека клучните ракометари во составот на Германија се повредени.

Затоа младите репрезентативци го овековечија влезот во полуфинале со селфи фотографија, како поздрав за своите фанови.