Германско-руски мат за одбраната на Загреб (ВИДЕО)

Вардар играат атрактивно и на овој дуел против ППД Загреб, а пред да се случи тешката повреда на Кристијан Дисингер имаше и неколку атрактивни погодоци. Еден од нив беше на минута до немилата сцена, а во акцијата учествуваше и Германецот.

При една пресечена топка тоа практично беше и мат во два потега кога Дисингер додаде до Дибиров, а овој во 3-4 чекори ја претрча половината на Загреб и реализираше за 14:11.