Германските фанови ги избраа најдобрите голови за месец септември (ВИДЕО)

Германската ракометна федерација секоја година прави избор на најдобри голови на месецот во кој фановите може да гласаат. Во изборот покрај головите од Бундеслигата, вклучени се и голови од пониските конкуренции во Германија. Па така титулата за најдобар гол за месец септември му припадна на Оке Конагел кој е член на втората екипа на Фленсбург која се натпреварува во третата дивизија во Германија.