Германските ракометни фанови во шок: Ниедна германска телевизија нема да ги пренесува натпреварите од СП во Катар!?

Германските ракометни фанови се во шок откако во јавноста излезе информацијата дека ниедна германска телевизија нема да ги пренесува натпреварите од СП во Катар. Како главни виновници за ова се наведуваат моќните германски ТВ компании ARD и ZDF поради неуспешните преговори за ТВ правата за СП во Катар. Претседателот на германската Бундес лига, Бернхард Бауер смета дека СП без германска публика е комплетна катастрофа не замо за Германската ракометна федерација, туку и на полето на маркетингот, како и за целокупниот спорт во целина.

На 6 недели до почетокот на СП во Катар ниеден друг германски ТВ канал не аплицирал за телевизиските права за пренесување на СП. Како што сега стојат работите Светското првенство нема да го гледаат германските ракометни фанови. За големите ТВ компании е прекасно да покријат така голем настан за толку кратко време. Доколку не биде пренесувано Светското Првенство во Германија тоа ќе има последици и на Бундес лигата.

Менаџерот на германската ТВ компанија ARD sports вели:

Ние имавме голема желба да ги пренесуваме натпреварите од СП во Катар, но преговорите со англиската компанија пропаднаа. И покрај нашите многубројни предлози, се до вчера добивавме неприфатливи понуди за нас.

Сепак се чини дека проблемот не е толку во финансискиот дел туку во преносите на одредени сателити, што може да биде проблем за другите можни кандидати, со што решението за германскиот пазар е тешко изводливо. Останатите ТВ компании како Sports 1, TV Channel SKY, RTL и PROSiebenSAT 1, изјавија дека воопшто не се заинтересирани за ТВ правата од СП во Катар.

Целокупните права за овој настан ги има beIN Sports, компанија која е во сопственост на Катарската Ал Џезеира ТВ која во соработка со англиска маркетинг агенција ги продава ТВ правата за СП во Катар. IHF им ги продаде светските права на овие компании за рекордна сума од 80 милиони евра. Договорот ги опфаќа двете Светски Првенства во машка конкуренција (2015-Катар, и 2017-Франција) и во женска конкуренција (2015-Данска, и 2017-Германија).

фото: Ingrid Anderson-Jensen