Германките се предадоа предвреме: Турингер ќе му се спротистави на Вардар со девет ракометарки

Последниот противник на Вардар во оваа фаза по групи од Лигата на шампионите, Турингер, денеска ќе игра само со девет ракометарки. На овој дуел тренерот Херберт Милер одлучи да им даде шанса на две голманки и седум ракометарки во поле.

Ова не е нешто ново за Турингер бидејќи на гостувањата редовно одат со мал број на ракометарки, но сосема извесно е дека и во ваков тим ќе бидат сериозен ривал, па Вардар нема да смее да се опушти.

Во составот на Турингер се наоѓаат: Краузе, Екерле, Шефкнехт, Мазуко, Шмелцер, Нидервизер, Лузумова, Јакубисова и Хубер.

Вардар е во стандарден состав, а ја нема само Андреа Лекиќ. Во тимот се: Лејно, Суслина, Мицевска, Радичевиќ, Кликовац, Саздовска, Кузњецова, Лазовиќ, Пенезиќ, Керамичиева, Чанаџија, Лакрабер, Хмирова, Цвијиќ, Петровиќ и Ристовска.