Германката тешко дека ќе ја гледаме во Будимпешта: Сериозна повреда за Ања Алтхаус

Поранешниот пикер на женската екипа на Вардар, Ања Алтхаус ќе биде надвор од терените во следните три до четири месеци откако ги скина лигаментите на десното колено.

Таа доживеа повреда на колатералните лигаменти, па најверојатно ќе мора на операција што значи дека Ѓер нема да може да смета на неа во последното коло, но голема е веројатноста дека ќе ја нема ниту на првите средби од вториот круг во февруари.

Иако уште не е точно прецизиран периодот за пауза, доколку дијагнозата за кинењето на колатералните лигаменти биде потврдена јасно е дека ќе биде долго надвор од терените, а не е исклучено и да ја нема дури до април.