Германија ја декласираше Словачка

Иако ги загубија шансите за полуфинале, репрезентативките на Германија славеа убедлива победа над Словачка. Пресудно на овој натпревар беше искуството како и одличната Катја Шулке на голот кој тешко се совладуваше.

Група 2 ( Загреб)

Германија – Словачка 36:22 (17:10)

Словачка против Германија беше рамноправен противник до 10тата минута кога имаше водство од 4-6. Расположени за игра беа Дубајова и Јакубисова. Првото водство за Германките го донесе Милер со својот прв гол на натпреварот во текот на 15тата минута за 7-6. До крајот на првиот дел водството на Германија се зголемуваше од минута во минута. Главна алка на теренот беа Хубер и Ланг кои во првиот дел беа незапирливи за одбраната на Словачка. По 30 минути игра Германија имаше водство од 17-10.

Во второто полувреме настана вистинска хаварија во селекцијата на Словачка. Германките само ја потврдија доминацијата на теренот со брзи голови и цврста одбрана. Хубер со својот гол зголеми на високи 21-12 и од тој момент па се до крајот Германија беше расположена за голови. Натпреварот заврши со убедливи 36:22 за германската селекција.

Најефикасни во селекцијата на Германија беа Ланг и Хубер со шест погодоци, во Словачка најдобар стрелец беше Дубајова Катарина со пет прецизни удари. Голманката на Германија, Катја Шулке имаше 21 одбрана додека голманките на Словачка заедно имаа 14 одбрани.