Германија се разбуди во вториот дел: Генсхајмер и другарите ја совладаа Русија по фантастичното второ полувреме

Во дерби натпреварот од второто коло на групата Д репрезентацијата на Германија по извонредното второ полувреме успеа да слави над Русија со резултат 27-26 (9-13). Русите имаа 4 голови позитива на полувреме но и тоа не беше доволно да слават над секогаш упорните германци кои благодарение на фантастичните крила Генсхајмер и Грецки дојдоа до голема победа.

Германија-Русија 27-26 (9-13)

Ракометарот на Вардар, Тимур Дибиров ја донесе Русија во почетно водство на овој натпревар, а на спротивната страна израмни Генсхајмер. “Зборнајата” беше подобар противник одржувајќи константно водство од два голови позитива во поголемиот дел од првото полувреме. Генсхајмер беше ракометарот кој со својот четврти гол ја врати Германија во игра израмнувајки на 6-6 во 15 минута. Русите во продолжението беа многу покомпактни и во одбраната и во нападот,повторно преземајки ја контролата на теренот, иницијатива која ја круниса Дибиров за +3, 7-10 во 25 минута. Нововлезениот Житников со својот прв гол ја доведе Русија на највисоки 4 разлика, 8-12 а точка на првиот дел стави Атман за конечни 9:13 по триесет минути игра.

uve
Генсхајмер стрелец на 9 погодоци

Германија со серија од 5-1 го започна вториот дел и по само пет минути игра со голот на Грецки израмни на 14-14. Германците ја стегнаа одбраната во вториот дел принудувајки го противникот на грешки во нападот кои на најдобар можен начин ги казнуваа германските крила Генсхајмер и Грецки. Кнер со својот прв гол за прв пат ја донесе Германија во водство на овој натпревар 18-17, а минута подоцна Грецки зголеми на 19-17. Предноста на Германија во 47 минута ги достигна и највисоките 3 голови позитива, 23-20. Оваа разлика популарните “шваби” ја одржуваа до три минути пред крајот, кога Атман и Шишкарев со два брзи гола ја донесоа Русија на -1, 27-26 на минута и пол до крајот на натпреварот. Германија повторно погреши во нападот со што и даде шанса на Русија во последните триесет секунди да се бори за реми.Сепак Атман имаше лошо додавање кон Шишкарев со што пропадна и последната шанса на Русија да се избори за нерешен резултат.

Генсхајмер со 9 и Грецки со 6 гола ја водеа Германија до фантастичен пресврт во вториот дел и мошне значајна победа над Русија. На спротивната страна Игропуло со 6 и Дибиров со 5 гола беа најпрецизни во руската репрезентација.