Гепинген е освојувач на ЕХФ Купот

Ракометарите на германски Гепинген се освојувачи на ЕХФ Купот откако во финалниот натпревар одигран во Нант беа подобри од домашниот состав со резултат 32-26 (13-10).

Нант водеше во почетниот дел од натпреварот кога преку Ривера поведе со 2-3 во 8.минута, а од тој момент составот на Гепинген имаше комплетна доминација во финалето. По превземањето на водството германците на пет минути до крајот на првиот дел поведоа со +4 (12-8) со што го зададоа првиот удар кон третата титула во ЕХФ Купот.

27031250625_6c3f56b591_z

Веќе по три минути игра во вториот дел Гепинген се одлепи на 17-11, а во 45.минута преки одличниот Кнуле стигна и до највисокото водство од 23-16. Бундеслигашот без поголеми проблеми успеа да ја одржи високата разлика, за конечни 32-26, по кои стигна до својата трета титула во ЕХФ Купот.

Најпрецизни во составот на Гепинген беа Шилер и Кнуле со по седум, а ги следеше Шешум со четири постигнати погодоци. Во екипата на Нант, Ривера имаше осум реализации.