Георгиевски: Го дадовме својот максимум за да се пласираме во вториот круг

Во натпреварот која значеше се или ништо, Манасков со погодок во последната секунда ја однесе Македонија во втората фаза од натпреварувањето. Нашата репрезентација не беше нивото кое го прикажа на првите два натпревари, но сепак нерешениот резултат 27-27 е доволен за продолжување на настапот на континенталното првенство.

По завршувањето на натпреварот, Гоце Георгиевски ја даде следната изјава за 24ракомет:

„Тежок натпревар како и што се очекуваше на две изедначени репрезентации. Знаевме што не очекува и исто така и тие знаеа каков противник имаат пред себе. Се боревме до последната секунда, сите изгинавме и го дадовме својот максимум за да се пласираме во вториот круг и успеавме. Честитки до репрезентацијата на Србија која покажа дека е навистина квалитетна, сега ни останува да ги смириме страстите и емоциите и да се подготвиме за вториот круг.“