Георгиевски: Главите горе, остануваат уште два натпревари кои треба да ги добиеме и да се пласираме во Рио!

Десното крило на Македонската репрезентација, Гоце Георгиевски во манир на голем спортист и честиташе на Полската репрезентација за добрата игра и победата во премиерниот натпревар. Одличната тактичка подготвеност на Полјаците, стравот со кој влеговме во овој натпревар, според Георгиевски се само дел од причините за поразот од Полска.

Мора да и честитам на репрезентацијата на Полска која извојуваше заслужена победа. Беа подобри од нас, тоа мора да го признаеме. Можеби влегоа во натпреварот тактички поподготвени од нас, ние во натпреварот влеговме со некој почетнички страв, промашивме доста зицери. Полјаците играа малку поагресивна одбрана, мислам дека во тој сегмент на играта малку потфрливме, а како резултат на тоа успеаа да направат висока разлика која ја одржуваа до крајот. Но тоа е веќе зад нас, мора да останеме позитивни со главите горе бидејки ни преостануваат уште два натпревари кои треба да ги добиеме и да се пласираме во Рио. Ништо не е загубено.
Според мене поразот од Полска не е изненадување бидејки тие се домаќини и фаворити во оваа група, така да треба да останеме со мирни глава и да ги одиграме останатите два натпревари.