Георгиевски: Ветувам борба за секоја топка!

Ново дерби против лутиот ривал Вардар, ново искушение на домашен терен за Металург, овојпат во рамките на СЕХА лигата. Натпреварите помеѓу Металург и “црвено-црните” секогаш имале посебно значење без разлика во кое натпреварување ќе се сретнат. Пред натпреварот, чиј домаќин ќе биде “Борис Трајковски”,  македонскиот шампион ја одржа редовната прес-конференција.
Лино Червар, тренер на екипата:

 По натпреварите од Лигата на шампионите до паузата ни остануваат уште три натпревари, сигурно нема да ни легнат добро тие три натпревари во ситуацијата во која сме. Јоновски и Вугринец не тренираа вчера,се пожалија на повреди незнам дали ќе играат ќе видиме утре. Порано беше ова најголемо дерби на Балканот сега малку работите се променети, имам голема почит за Вардар и во многу подобра состојба се во моментов од нас. Имаат добра екипа, но имаа проблеми со повреди, Лацковиќ, а сега и Карачиќ. Се надевам дека нема да има други повреди. Видовте против Мешков дека одигравме еден груб натпревар, исто како и на тој натпревар повторно младите ќе добијат шанса. Но на натпреварот со Мешков се повреди Неловски кој има истегнување на лигаментите и ќе треба да паузира. Ќе се обидеме да одиграме најдобро што во овој момент можеме.

Гоце Георгиевски, ракометар на РК Металург:

Од име на играчите можам да ветам максимално борбена игра од нас, сите знаат што значат тие натпревари против Вардар не очекува тежок меч утре можам да кажам дека Вардар се фаворити, но ние ќе се бориме за секоја топка.

Сите симпатизери на Металург со блок карти од Лигата на шампионите ќе ги гледаат натпреварите со Вардар и Веспрем бесплатно. Натпреварот се игра утре, среда 10.12.2014, со почеток од 20:15 минути.