Георгиевска и Баја Маре поразени во Русија

Екипата на Ростов Дон ја продолжи својата серија во групата А од ЕХФ Лигата на шампионите во женска конкуренција. Ракометарките на данскиот стратег Јан Лесли, на домашен терен ја совладаат екипата на Баја Маре со 27-26 (14-15), со што го продолжија стопроцентниот учинок стигнувајки до својата четврта победа во четвртиот натпревар.

Гостите од Романија цели 45 минути беа рамноправен противник на рускиот состав, и пред се благодарение на одличната игра на поранешната вардарка Алисон Пино успеаа да одржат водство во поголемиот дел од натпреварот. Сепак во последните петнаесетина минути при нерешени 22-22, русинките успеаа да направат серија од 5-1 со која поведоа со 27-23 на пет минути до крајот, со што направија голем чекор кон максималната четврта победа во групата А. Во последните пет минути Баја Маре со успеа да направи серија од 3-0 која беше доволна само за минимален пораз во Русија од 27-26.

Најпрецизни во екипата на Ростов Дон беа Манагарова со шест и Боршенко со пет постигнати погодоци. Кај гостинките од Романија одлична вечер имаше Алисон Пино која десет пати ја затресе противничката мрежа. Нашата репрезентативка Елена Георгиевска постигна два погодока.