Гедбан: Навивачите на Вардар се најдобри, со нив лесно е да се победува

Минатото лето Вардар остана без Арпад Штербик и Страхиња Милиќ, па мораше да бара нови решенија за голманската позиција. Покрај Дејан Милосављев, во македонскиот првак пристигна и младиот Гедбан Калифа

Алжирецот  Калифа на Вардар му се приклучи пред само неколку месеци, но брзо ги освои симпатиите на навивачите и публиката. Одличните одбрани пред вардароватаа мрежа во клучните моменти брзо го прославија 21-годишниот голман.

Калифа е прв Алжирец кој ги брани „црвено-црните“ бои, а остави силен впечаток на мечевите од Лигата на шампиони и СЕХА лигата. Тој вели дека му се допаѓа Скопје и дека во Вардар се чувстува како дома.

„Ми се допаѓа многу Скопје. Луѓето се многу гостопримливи и веднаш ме прифатија сите, како во клубот така и надвор од него. За мене беше многу тешко да се промени државата и беше огромен предизвик да дојдам во Вардар. Бев многу возбуден. Морам да истакнам дека играчите и луѓето што работат во клубот ми помогнаа за брзото прилагодување. Тука ракометот е многу популарен и веднаш ме препознаваат на улица. Кога Вардар игра дома, атмосферата е најдобра во цела Европа. Вардаровите навивачи се број 1 во Европа и кога имаш вакви навивачи, многу е полесно да победиш“, вели Гедбан.

Целосното интервју со алжирскиот голман можете да го прочитате ТУКА.