Гедбан во стилот на Милосављев: Двојна одбрана против Мешков Брест (ВИДЕО)

Сигурно сите вардарови фанови се сеќаваат на тројната интервенција на Дејан Милосављев во првото коло од Лигата на шампионите во дуелот со европскиот шампион Монпелје, а сега Калифа Гедбан имаше слична одбрана.

На натпреварот од елитната конкуренција против Мешков Брест, Алжирецот имаше поголема минутажа од Милосављев, но покажа дека Парондо може сериозно да смета на него.

На стартот на вториот дел, при резултат 15-15, тој имаше двојна интервенција и ги запре ударите на Шилович и Разгор.

Погледнете во видео прилогот…