Гевгелија со нови бодови пред своја публика

Ракометарките на Гевгелија влегоа во добар ритам на домашен терен, па забележаа уште една победа пред своја публика. Овој пат жртва беше тимот на Деспина против кој беше обезбеден триумф од 24:22.

Двобојот почна израмнето со неколкуминутна игра гол за гол во која ни еден од двата тима не можеше да се одвои. Тоа први го сторија гевгеличанки на средината на првиот дел и си донесоа предност на полувреме од 14:10.

Оваа позитива од четири погодоци на полувремето беше водство кое Гевгелија до крајот на натпреварот успешно го задржа, а да не беше опуштањето во последните минути овој меч можеа да го добијат и со поубедлива разлика.

Најефикасна во редовите на Гевгелија беше Драгица Митрова која успеа да постигне речиси половина од головите на својот тим (11). Кај Деспина честа ја бранеа по петте постигнати голови на Мери Конеска и Михаела Камческа.

ГЕВГЕЛИЈА – ДЕСПИНА   24:22 (14:10)

Сала: „26 Април“ во Гевгелија. Гледачи: 150. Судии: Виктор Андонов и Стојанче Јовановски од Скопје. Делегат: Зоран Кимовски.

ГЕВГЕЛИЈА: Каранфиловска, Анчева 2, Мандалова 1, Љупова, Попова, Асановиќ, Митревска 4, Чурлинова, Димова 1, Хоел, Шутева 1, Ѓорковска, Стојанова 4, Танева, Митрова 11.

Седмерци: 5/6, Исклучувања: 8 мин.

ДЕСПИНА: Димитриеска, Боризоска, Рипилоска Е., Ристеска, Камческа 4, Крстевска 2, Цветкоска, Спиркоска, Ристевска, Димитрова, Јовеска 3, Богеска, Конеска 5, Камческа 5, Седлоска, Рипилоска Л.

Седмерци: 5/9, Исклучувања: 8 мин.