Гевгелија против Спартак за прво место

Дербито на денот во Женската лига во плеј-аут групата се игра во Гевгелија каде што во директен дуел тимовите на Гевгелија и Спартак решаваат кој ќе се најде на врвот после 5. коло.

Домашните се во добра форма во последните неколку кола и ова им е шанса да се борат за висок пласман во групата. Со победа ќе се искачат на првото место, а Спартак мора да се потруди да го одбрани. Оттаму ова ќе биде интересен дуел.

Инаку битката ќе продолжи и во следните пет кола, па ништо нема да биде решено денеска.

ЖЕНСКА ЛИГА, ПЛЕЈ-АУТ

ДВОЈКИ ЗА 5. КОЛО

САБОТА, 20 АПРИЛ

14:00ч

ГЕВГЕЛИЈА – СПАРТАК

Сала: 26 Април во Гевгелија. Судии: Иван Илиевски и Александар Марковски од Битола. Делегат: Саше Јанкуловски од Битола.

ЦЕМС – ОВЧЕ ПОЛЕ СУ

Сала: „Христо Ботанџиев“ во Скопје. Судии: Иво Ѓорѓиевски и Игор Наумовски од Скопје. Делегат: Цане Куртовиќ од Скопје.

ДЕСПИНА е слободна

ТАБЕЛА: 1. Спартак 25 бода (366:293); 2. Деспина 25 (352:296); 3. Гевгелија 24 (315:286); 4. Цемс 9 (285:332); 5. Овче Поле СУ 0 (232:353).