Гевгелија не дозволи изненадување против ЦЕМС

Во рамки на третото коло во плеј-аут конкуренцијата во Женската лига во Гевгелија гостуваше екипата на ЦЕМС. Поуспешни на овој дуел беа домашните ракометарки, кои остварија нова победа, 28:24.

Натпреварот започна изендачено со гол предност на едната и на другата страна се до резултат 6:6. Од тогаш домашниот состав врза три гола во серија и до крајот на првите 30 минути направи добра предност, па на пауза имаше предност 15:11. Предността која ја имаа гевгеличанки на полувремето се покажа доволна во продолжението.

Долго се играше гол за гол, а ЦЕМС никако не можеше да ја намали негативата. Гевгелија со поквалитетна игра во последната третина од мечот создаде највисока предност плус седум гола. До крајот само рутински го доиграа натпреварот за нова победа и одржување чекор со Спартак и Деспина на врвот.

Најзаслужни за победата на Гевгелија беа Анчева Марија со осум и Митрова Драгица со седум постинати гола. Во составот на ЦЕМС најпрецизна беше Перовска Ива со седум гола, а Донева Јана и Петровска Александра постигнаа по пет.